Достапни линкови

Средба на ирачките политички лидери за нов закон за избори


Ирачките политички лидери ќе се состанат денеска во Багдад, за да ги решат разликите околу новиот изборен закон. Доколу не се донесе закон се доведува во прашање одржувањето на изборите во јануари. Парламентот минатата недела не успеа да се договори за донесување на нов закон. Предложените измени предвидуваат партиите да објават целосни листи на нивните кандидати. А пратениците не можеа да се согласат и за начинот на гласање во богатиот со нафта регион Киркук во кој Арапите и Курдите неможат да ја поделат власта. Соединетите Држави предупредија дека ќе ги повлечат американските војници од Ирак, ако не се донесе закон за изборите.
XS
SM
MD
LG