Достапни линкови

Инспектори на ОН, во посета на постројка за ураниум во Иран


Инсперктори на нуклеарната агенција на ОН, пристигнаа во Иран за да го посетат вториот по големина погон за збогатување на ураниум. Тимот составен од четворица инспектори ќе го посети објектот кој се наоѓа во близина на светиот град Ком, јужно од Техеран. Западните сили се сомневаат дека Иран се обидува за направи нуклеарна бомба, а Иран негира дека сака да прави нуклеарно оружје.
Посетата на инспекторите доаѓа откако во петокот Иран не се произнесе по предлогот на ОН, ниско збогатен ураниум од Иран, да се збогатува во Русија за понатамошни потреби на Техеран. САД, Франција и Русија го подржаа предлогот на ОН.
XS
SM
MD
LG