Достапни линкови

Обама прогласи вонредна состојба поради свинскиот грип


Претседателот на САД, Барак Обама, прогласи национална вонредна сосотојба, поради свинскиот грип. Соопштението на Белата куќа доаѓа откако властите во петокот објавија дека повеќе од 1.000 луѓе во Соединетите Американски Држави, умреле како последица на новиот тип на грип Х1Н1,а 20.000 луѓе биле хоспитализирани поради болест. Денешното прогласување на вонредна состојба ќе им овозможи на медицинските лица полесно да се справат со наглото зголемување на пациенти.



XS
SM
MD
LG