Достапни линкови

Преговорите за климатските промени треба да се забрзаат


Треба да се забрзаат преговорите за климатските промени за да може да се постигне меѓународна спогодба на самитот за климата , кој во декември треба да се одржи во Копенхаген, изјави денеска данскиот премиер Ларс Лек Расмусен.Тој изјавил дека преговорите бавно се одвиваат и ако и понатаму се оди така, нема да биде постигнат договор. Самитот за климата ќе се одржи од 7 до 18-ти декември во Копенхаген, под покровителство на ОН. Се очекува 192 земји да постигнат договор за климатското затоплување на Земјата. Тој договор треба да го замени постоечкиот Договор од Кјото.


XS
SM
MD
LG