Достапни линкови

Во Пакистан убиени 14 милитанти


Најмалку 14 милитанти загинаа денеска при ракетен напад на американските сили во Пакистан во близина на границата со Авганистан, изјавил официјален претставник на пакистанскит сили. При нападот било погодено скивалиштето на висок талибански командант, во областа Бајур. Оваа област е светилиште за Талибанците и борците на Ал Каеда, кои го користат регионот за планови за напади во Авганистан.


XS
SM
MD
LG