Достапни линкови

Формирана новата влада на Германија


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека е формирана нова централно-десничарска владина коалиција во партнерство со Слободните Демократи. Владата е формирана по речиси 4 неделни преговори. Меркел веднаш најави дека новата влада ќе ги намали даноците од први Јануари, наредната година, оценувајки дека со тоа ќе им се олесни животот на многу семејства и на многу компании.
XS
SM
MD
LG