Достапни линкови

Светски ден на протести против климатските промени


Активисти за заштита на човековата околина денеска во Сиднеј го започнаа меѓународниот ден на протести поради глобалното затоплување. Тие бараат драстично намалување на емисијата на штетни гасови. Слични акции за денеска се најавени во уште 170 земји во светот. Протестите се одржуваат на 50 дена пред самитот во Копенхаген, на кој треба да биде склучен нов договор во врска со климатските промени.
XS
SM
MD
LG