Достапни линкови

Нема поевтинување на кредитите


Пари и кредитни картички

Пари и кредитни картички

Засега не се очекува поевтинување на каматите на кредидите, од што директно се засегнати и граѓаните и домашните претпријатија. Причината за поскапувањето на кредитите економските експерти ја гледаат во финансиската криза, но и односот меѓу Министерстовото за финансии и Народната Банка.

Заем кој се дава под одредени услови и кој треба да се врати во одреден рок со пресметана камата. Банкарските кредити станаа дел од речиси сечие секојдневие и еден од главните извори за финансирање на работата на фирмите. Годинава граѓаните и фирмите потешко доаѓаат до пари од банкарски кредити. Марко од скопје е само еден од многуте граѓани во земјава кој се задолжил во банка. Тој се жали дека растот на каматните стапки на банкарските кредити му создал поголем трошок:

,,Кредитот го земав пред нешто повеќе од една година, кога го земав месечната рата беше 6 800 денари, меѓутоа сега веќе е 7 200 денари, со тоа што ратата се зголеми во два наврати, еднаш во текот на пролетта и друг пат во текот на летото. Образложението за тоа беше
Кредитот го земав пред нешто повеќе од една година, кога го земав месечната рата беше 6 800 денари, меѓутоа сега веќе е 7 200 денари, со тоа што ратата се зголеми во два наврати, еднаш во текот на пролетта и друг пат во текот на летото
дека растат каматите поради економската криза."

Марко вели дека за сега има доволно пари за да го исплати кредитот:

,,Засега сум во можност да исплаќам и ваков зголемен кредит, меѓутоа очекувам дека кога ќе ги намалат каматите на кредитите дека по автоматизам повторно и мене ќе ми се намали каматата на кредитот."

Нашиот соговорник не е единствениот кој е погоден од повисоките каматни стапки. И други граѓани се жалат на строгите услови за добивање кредит од банките

,,Не се поволни воопшто. И странскиве банки што дојдоа, работат по нашиот систем."

,,Не, не се поволни кредитите."

Зоран Ставревски, Министер за финансии
Во изминатава недела една од главните теми во македонските медиуми беше рестриктивната монетарна политика, имено потврдата дека наскоро не може да се очекува поевтинување на кредитите. Правилата на игра во банкарскиот сектор вообичаено ги поставува Централната банка, или кај нас Народната банка на Република Македонија. Централната банка постави повисоки референтни каматни стапки, по што комерцијалните банки ги зголемија каматите на речиси сите кредитни линии. Но зошто се случи сево ова? Економистот Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека главен поттикнувач на поскапувањето на кредитите бил односот меѓу Министерството за финансии и Народната банка:

,,Самото Министерство за финансии кога ги пушти државните хартии од вредност за покривање на буџетскиот дефицит беа со повисока каматна стапка од онаа која што беше од благајничките записи. Имајќи во предвид дека и благајничките записи кои што ги издава НБРМ и државните хартии од вредност кои што се издаваат од страна на Министерството за финансии се со ист ризик, што значи дека се најнеризични средства во една држава, неможе едните да имаат седум отсто камата, а другите девет отсто камата."
Значи Министерството за финансии со оваа постапка им конкурираше на хартиите од вредност кои што ги издава НБРМ и како резултат на тоа Народната Банка мораше да ги зголеми каматните стапки на благајничките записи


Со понуда на записи со повисока каматна стапка, Министерството за финансии ги повлекло инвеститорите заинтересирани за безризични хартии од вредност, појаснува Хаџимустафа

,,Значи Министерството за финансии со оваа постапка им конкурираше на хартиите од вредност кои што ги издава НБРМ и како резултат на тоа Народната Банка мораше да ги зголеми каматните стапки на благајничките записи, а имајќи во предвид дека овие каматни стапки се рефернтна стапка за сите други хартии од вредност и други финансиски инструменти во нашата земја, автоматски цената на капиталот за сите финансиски инструменти стана повисока."

Повисоките референтни каматни стапки во крајна линија значат поскапи кредити за граѓаните и стопанството. Сето тоа, според економистот Оливер Бончаноски, придонесува кон намалување на парите во оптек.

,,Од аспект на намалување на паричната маса, значи дека ќе има помалку кредити кои што ќе бидат пласирани по повисоки каматни стапки што секако не е поволно ниту за граѓаните, ниту за претпријатијата."

И додека потрошувачите се интересираат за свеж капитал, Народната банка е детерминирана да ја одржи стабилноста, појаснува Бончаноски.

,,Се должи пред се на финансиската криза за која што Народната Банка смета дека сеуште не е помината и може да биде многу ризично доколку се пушти таа поголема количина пари во оптек, а од друга страна нели, Владата смета дека треба да има поголема парична маса за да може да опстанува економијата. Така што НБРМ си ја брани сепак стабилноста."
Се должи пред се на финансиската криза за која што Народната Банка смета дека сеуште не е помината и може да биде многу ризично доколку се пушти таа поголема количина пари во оптек


Освен граѓаните, повисоките каматни стапки ги потресоа и компаниите. Сопствениците на малите и средни претпријатија, кои сочинуваат најголем дел од македонскиот приватен сектор, до сега неколку пати напоменуваа дека со нетрпение ја очекуваат операционализацијата на поволните кредити. Со докапитализација на Македонската банка за подршка на развојот со 15,1 милиони евра, и во соработка со комерцијалните банки Владата им овозможи пристап на фирмите до пари. Како што велат од таму, станува збор за најголем стимул на приватниот сектор. Секоја фирма треба да поднесе апликација за кредит до некоја од комерцијалните банки. Стопанствениците треба да назначат за што ќе го користат кредитот. Во секој случај станува збор за деловна тајна, па затоа и дел од компаниите не сакаат да дадат изјава за што точно ќе ги користат европските пари. Сепак, се поставува прашањето дали може да се очекува заздравување на приватниот секотор доколку фирмите ги користат поволните кредити од европските фондови за закрпување на долгови и исплата на плати?Професорот Горан Коевски вели дека доколку фирмите ги користат кредитите за санација, не може да се очекува развој:

,,Па според мене доколку кредитите од европските фондови се користат за санирање на тековни загуби и плати не би обезбедиле некоја развојна компонента од едноставна причина што тие пари условно, одат во некоја ,,црна дупка" значи тие повторно би генерирале некакви загуби и не би исплаќале плати со намера и очекувајќи дека повторно ќе добијат некаква помош."

Зградата на Владата на РМ
Професорот додава дека за фирмите би било подобро да инвестираат во исплатливи развојни проекти:

,,Помошта е во ред, меѓутоа да биде поврзана со некакви развојни моменти во работењето на малите и средни претпријатија. Што значи тоа? Според мене, подобро е да се вложи во некои нови погони, во некаков развој на дејноста што ја вршат, отколку да се покриваат
Има знаци на подобрување во економијата, но треба да се проверат трендовите колку се оддржливи и тоа е главното прашање кога Централната Банка проценува дали треба да менува во мерките на монетарната политика
некои претходни создадени неликвидности или долгови. Така што ако вложите во развој, па создадете добивка со која што би ги покриле претходниве загуби е подобро отколку директно да одат во санирање на тие загуби."

Во секој случај, останува неодговорено прашањето каде ќе се обратат стопанствениците следниот пат кога ќе им биде потребен кредит? Од тука и надежта дека банките ќе попуштат. Од Министерството за финансии аргументираат дека работите одат кон подобро. Стабилизацијата и опоравувањето на светската економија за министерот за финансии Зоран Ставрески се главен аргумент за НБРМ да го олабави ременот:

,,Па, сега ние живееме во време кога случувањата во економијата наша и во светот се такви, да ништо долгорочно неможе да се предиви. Така што факт е дека во однос на периодот кога монетарната политика ги донесе тие мерки има знаци на стабилизација и на подобрување. Дали тие се доволни за Централната Банка тоа е на неа да одговори и ќе го одговара, не е мое да одговарам. Мое е да проценам и да кажам она што ние го гледаме, а тоа е дека доколку не се олабави монетарната политика, последиците врз македонската економија од глобалната рецесија ќе бидат подлабоки. Така да заедно со можноста Централната Банка автономно да одлучува за монетарната политика се разбира има во тој дел и одговорност Централната Банка за тоа да се оствари она што се предвидува, а во предвидувањата е битно не само стапката на инфлација, туку и стабилноста на економијата, а стабилноста на економијата подразбира позитивен економски раст."

Од Народната банка, пак, се децидни дека монетарната политика за сега нема да се олабави. Гувернерот Петар Гошев посочува дека за ревидирање на политиката на НБРМ потребно е моменталните позитивни сигнали да се претворат во тренд.

,,Ние не сме институција која што на краток рок антиципира мерки, мерките на Централната Банка секој пат антиципираат подолг период. Има знаци на подобрување во економијата, но треба да се проверат трендовите колку се оддржливи и тоа е главното прашање кога Централната Банка проценува дали треба да менува во мерките на монетарната политика."

вели Гошев.
XS
SM
MD
LG