Достапни линкови

Бајден: односите со Русија не се на сметка на Европа


Американскиот потпретседател Џо Бајден изрази уверување дека ги отстранил регионалните стравувањата оти подобрувањето на односите на Вашингтон со Москва би можело да биде на сметка на сојузниците во Источна Европа. Во интервјуто за Радио Слободна Европа што го даде на крајот од денешната посетата на Прага Бајден изјави дека Вашингтон сака ресетирање на односите со Русија, но оти не треба да постојат сфери на влијанија. Нема право на вето на способноста на која било нација во кој било дел од Европа, или каде било во светот да носи сопствена одлука за да се приклучи во некој изјави Бајден за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG