Достапни линкови

Инспектори на МААЕ в сабота заминуваат за Иран


Инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија в сабота треба да заминат за Техеран за да ја проверат втората иранска фабрика за збогатување на ураниум во близина на градот Ком. Иранската агенција ИРНА соопшти дека инспекторите ќе останат во Иран два до три дена. Во минатиот месец Техеран обелодени дека гради нова постројка за збогатување на ураниум што предизвика загриженост меѓу светските сили кои се сомневаат дека Иран всушност се обидува да дојде до атомска бомба.
XS
SM
MD
LG