Достапни линкови

Атина бара начини за решавање на спорот со името?


Атина бара и други канали за контакти со Скопје, надвор од посредничката мисија на претставникот на Обединетите нации Метју Нимиц за решавање на спорот за името на Македонија, пишува весникот „Нафтемборики“.
Весникот ја пренесува изјавата на грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас кој вели дека грчката страна ќе се обиде да проучи и други можни начини за да биде постигнат напредок при решавањето на овој спор.
Друцас воедно ги повикува властите во Скопје „да покажат дека нема да одат по патот на крајна реторика и непомирливост за да се постигне напредок во решавањето на прашањето“.
XS
SM
MD
LG