Достапни линкови

Клаус задоволен од компромисот за Лисабонскиот договор


Лисабонскиот договор е поблиску до ратификацијата по изјавата на портпаролот на чешкиот Претседател Вацлав Клаус дека тој е задоволен со компромисот предложен од шведското претседателство. Станува збор за поглавјето Фундаментални права и барањето на Клаус, судетските германци протерани по Втората Светска Војна да немаат право да ги користат европските судови за барање за враќање на нивниот имот. Шведска предложи Чешка, како и Полска и Британија да бидат иземени од ова поглавје на самитот во Брисел следната недела. Доколку тоа се случи и доколку Уставниот суд на 27 Октомври одлучи дека Лисабонскиот договор не е Анти уставен, Клаус би можел да го потпише Лисабонскиот договор.
XS
SM
MD
LG