Достапни линкови

Компаниите подготвени за грејната сезона?


Зградата на МЕПСО
Зградата на МЕПСО

Од ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, надлежни за достава на електрична енергија, велат дека се подготвени за грејната сезона, додека експертите предупредуваат дека не очекуваат подобрување на ситуацијата од минатата година, со оглед на тоа дека не се вложува во обнова на мрежата или во нови домашни капацитети за електична енергија.

Грејната сезона е започната дел од експертите очекуваат оваа година таа да биде или иста или пак за нијанса полоша од минатата. Додека пак надлежните за достава и набавка на електрична енергија велат дека се подготвени за оваа сезона. Со оглед на тоа дека повторно не се вложуваше во производство на нови домашни капацитети на електрична енергија, тогаш ситуцијата ќе остане иста, вели професорот на Електротехничкиот факултет Атанаско Туневски. Производството бележи тренд на опаѓање изминативе години, од 2006 па се досега е помало за петнаесет проценти, додава тој.
Инвестициите за обнова на мрежата или за нови производствени капацитети не постојат, за некои сериозни инвестиции зборувам, и од тој аспект не се очекува да биде подобро од лани


,,Нема нови средства за вложување, енергетските компании стојат лошо финансиски, така што инвестициите за обнова на мрежата или за нови производствени капацитети не постојат, за некои сериозни инвестиции зборувам, и од тој аспект не се очекува да биде подобро од лани."

Ние веќе испорачуваме енергија согласно со потребите на нашите потрошувачи, вели потпаролот на ЕЛЕМ Мирче Котевски. Тие сметаат и дека ќе се намали увозот на струја оваа година.

,,Поради исклучително богатата хидролошка година, зголеменото производство на електрична енергија од Хидроелектраните, значително ја намали потребата од набавка, односно од увоз на електрична енергија во периодот на ремонтните активности во хидро и термоелектраните."

Потпаролот на МЕПСО Никола Стојанов вели дека тие се подговени да одговорат на зголемените барања на електрична енергија во зимскиот период.

,,Целосно сме подготвени оптимално користејќи ги ресурсите на мрежата да одговориме на потребите и зголемените барања во зимската сезона на дистрибутивниот конзум и на директните потрошувачи."

Додека пак од ЕВН велат дека ги остраниле дефектите кои се случувале во минатото поради преоптовареност на мрежата. Очекуваме
Невољата е што цената на струјата се држи две-три години на исто ниво, а парното се зголемува, тоа едно со друго повлекува да струјата се троши на најнерационалниот начин
оваа година тие да се сведени на минимум. Но и граѓаните се тие кои треба разумно да ја трошат, вели нивниот потпарол Ленче Карпузовска.

,,Без оглед колку и да се инвестира, ако тоа се троши неконтролирано и несоодветно на капацитетите што се инсталирани во таа напојна точка, може повторно да дојде до преблокирање или преоптоварување на снабдувањето."

Но, доколку се остварат најавите парното да поскапе се повеќе граѓани ќе започнат да се греат на струја и тоа може да ја ја влоши ситуацијата, вели Туневски.

,,Невољата е што цената на струјата се држи две-три години на исто ниво, а парното се зголемува, тоа едно со друго повлекува да струјата се троши на најнерационалниот начин. Значи мора да се направи или да има доволно дрва по прифатлива цена или да има парно по прифатлива цена или пак цената на струјата да оди малку нагоре за да може луѓето да не се грејат на струја."
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG