Достапни линкови

Засилена работа за добивање датум за преговори


Прослава на македонските граѓани по објавувањето на позитивниот извештаја на ЕК
Прослава на македонските граѓани по објавувањето на позитивниот извештаја на ЕК

Политичарите од опозицијата, но и оние од власта велат дека до седми септември кога Советот на Европа ќе одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори, мора да се покаже конструктивност и интензивно да се работи на сите отворени прашања, меѓу кои и спорот за името.

Има уште отворени прашања кои треба да се затворат до 7 декември, кога Советот на Европа ќе одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори, велат политичарите. Интезивирање на преговорите за спорот со името, зацврстување на капацитети на јавната администрација, нејзина деполитизација, независност на судството, зајакнување на политичкиот дијалог се дел од забелешките на кои во наредниве шест недели мора интезивно да се работи, вели Флора Кадриу од Нова Демократија.
Ќе продолжи активно да се преговора, односно да се разговара со нашиот Јужен сосед во рамките на спорот кој што се води пред ОН и во таа смисла верувам дека како резултат на позитивниот пристап кој што е воспоставен, дека процесот на евроинтеграции ќе продолжи со истата динамика како што се одвива и сега


,,Доколку сакаме европска Македонија потребно е да ги решаваме овие прашања. Македонија треба да го следи примерот на Хрватска со Словенија, потребно е интензивирање на самите преговори."

Џеват Адеми од владеачката партија ДУИ вели дека Македонија мора да го реши проблемот со името што поскоро, институциите да не создаваат нови проблеми таму каде што ги нема и да не се дозволи да ни се повтори Букурешкото сценарио.

Зградата на Владата на РМ
,,Не би сакал да помислувам на пропуштање на шансата и да не добиеме датум за преговори. На нас е да направиме се да не ни се случи грчкото вето, ниту наши авто голови. Како почнале академиците да се однесуваат со енциклопедијата, ова може да биде сериозен авто гол."

Александар Спасеновски од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ вели дека во наредниов период ќе продолжат да работат на евроинтеграциите и решавање на спорот со името.

,,Ќе продолжи активно да се преговора, односно да се разговара со нашиот Јужен сосед во рамките на спорот кој што се води пред ОН и во таа смисла верувам дека како резултат на позитивниот пристап кој што е воспоставен, дека процесот на евроинтеграции ќе продолжи со истата динамика како што се одвива и сега."

Андреј Жерновски од опозициската партија ЛДП вели дека пораките од Брисел се многу јасни, консензус може да постигнат европските министри, ако се реши прашањето со името до нивната средба во декември. Но за да се дојде до решение, како што вели тој, македонската јавност треба да го знае ставот на Владата за преговорите.
Бидејќи како опозициона партија немаме сознанија до каде е процесот што се случува, неможеме да дадеме ниту некое конкретно очекување


,,За разлика од грчката страна, македонската јавност, ниту јас како пратеник од опозицијата воопшто не го знам ставот на Груевски и на државниот врв. Треба да се каже и мислам дека ќе му олесни на Груевски да го изнесе ставот во јавноста, да собере поддршка за тоа што сака да го направи и потоа да се влезе во дефинитивни преговори."

Андреј Петров од СДСМ вели дека евроинтеграциите се главен приоритет на државата и Владата треба да понесе одговорнос,т доколку се пропушти шансата во декември Македонија да добие датум за преговори.

,,Бидејќи како опозициона партија немаме сознанија до каде е процесот што се случува, неможеме да дадеме ниту некое конкретно очекување. Ние му даваме бланко поддршка на премиерот Груевски доколку го обезбеди националниот индентитет и јазикот, подготвени сме во тој случај да ја поддржиме неговата идеја за референдум."

Евроамбасадорот Ерван Фуере и шведскиот амбасадор Ларс Фреден и порачаа на Македонија да ги интезивира преговорите со Грција за изнаоѓање на решение за името, пред состaнокот на Советот на Европа. Фуере изјавил дека нема причина процесот да се одолговлекува и дека Владата треба да го искористи моментот и да најде компромисно решение. Фреден порачал дека ваквата можност нема да се повтори уште долго време.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG