Достапни линкови

logo-print

Во САД уапсени 300 членови на мексикански нарко картел


Американските власти соопштија дека уапсиле повеќе од 300 луѓе и одзеле неколку тони наркотици во серијата акции против мексиканскиот картел познат под името Ла Фамилија кој дејствува во Соединетите држави. Во дводневната операција која се одвивала во 19 американски држави биле вклучени илјадници полицајци. Картелот е обвинет за шверц на кокаин и други наркотички средства, како и за илјадници убиства во Соединетите држави во текот на изминативе три години.
XS
SM
MD
LG