Достапни линкови

logo-print

Третина од населението на Северна Кореа гладува


Специјалниот известувач на Обединетите нации за човековите права во Северна Кореа Витит Мунтарбхорн соопшти дека ситуацијата со храната во таа земја е разочарувачка. Според него, една третина од 24 те милиони жители на Северна Кореа гладува. Оценувајќи дека недостигот на храна е поради санкциите на меѓународната заедница по нуклеарните активности на Пјонгјанг, тој изјави дека хуманитарните организации имаат средства да им помогнат само на два милиона луѓе.
XS
SM
MD
LG