Достапни линкови

Давутоглу:Турција ќе остане во добри осноси со Азербејџан


Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу изјави денеска дека Азербејџан не треба да се грижи дека ќе бидат запоставени односите меѓу двете земји, во напорите на Турција за помирување со Ерменија. Давутоглу се состанал со неговиот азербејџански колега Елмар Мамамдуаров . Давутоглу изјави дека на Турција и е важен територијалниот интегритет на Азербејџан и дека турските власти "нема да ја промени својата политика за ова прашање." Турската влада во средата поднесе до парламентот два протоколи склучени со Ерменија чија цел е ставање на крај на децениското непријателство. Азербејџан и Ерменија имаат несогласувања за областа Нагорно –Карабах.
XS
SM
MD
LG