Достапни линкови

logo-print

Дневен печат - Демаркација на границата со Косово


Демаркацијата на границата со Косово и анализи на таа тема се во фокусот на домашните медиуми изминатава недела. Освен ова, значајно место во медиумскиот простор зазема и кавгата меѓу ВАЦ и сопственикот на А1, Рамковски.

Ратификацијата на демаркацијата на границата и експресното воспоставување дипломатски односи со Косово во саботата речиси на полноќ, се во фокусот на домашните медиуми во изминатава недела. Со таа разлика што провладините за овие настани пишуваат со позитивна интонација, додека опозиционо наклонетите, покрај информациите, го изнесуваат и својот критички став. ,,Вечер,, изјавата на премиерот Груевски, дадена на скопскиот Саем, дека со договорот државата не губи ниту милиметар од својата територија ја објавува на ударно место. Истиот весник со крупен наслов објавува дека ,,Демаркацијата е смел и одговорен потег,,. ,,Нова Македонија,, исто така со болдирани големи букви објавува дека , цитирам, ,,ЛДП и Уставниот суд со пушка ќе ја враќаат границата,, при што пишува дека Уставниот суд ќе морал да биде мошне имагинарен за да објаснел зошто бил уставен договорот од 2001-та со кој се овозможува отстапување на 150 м.од границата, а не е уставен овој договор со кој се отстапуваат уште 150 м.,ама за сметка на тоа Македонија добила 300 до 350 м. на другата страна. Од друга страна, ,,Утрински,, му забележува на Груевски зошто не бил на собраниската седница на која владините позиции ги бранеше, главно ДУИ, а ,,Дневник,, пак, смета дека премиерот Груевски фактички ја извршува и функцијата министер за надворешни, а бледиот министер, како што пишува за Милошоски, само се појавува онаму каде што добил задача од премиерот. ,,Дневник,, коментира дека начинот на изгласувањето на демаркацијата со Косово отвора простор во иднина некоја влада да договори размена на територии со кој било сосед и тоа да го ратификува во Собранието само со просто мнозинство. Сите медиуми ја објавија изјавата на лидерот на СДСМ Црвенковски за когошто начинот на кој се затвори прашањето на границата со Косово е всушност размена на територии и оти тоа е кршење на Уставот на Македонија.
Деновиве уште една домашна недоследност се заканува да се интернационализира. Во медиумите е актуелна кавгата меѓу газдата на А1ТВ и на повеќе пишани медиуми, Велија Рамковски и изданијата на Медија принт Македонија, преку којашто германскиот медиумски концерн, ВАЦ, ги управува ,,Утрински,, ,,Дневник,, и ,,Вест,,. Овие весници неколку дена ги ,,разоткриваат ,, нечистите бизниси, не само со медиумите, на Рамковски, објавувајќи податоци со бројки колку данок на државата и плаќала МПМ. ,,Дневник,, дури, ја обвинува Владата дека е во директен дил со Рамковски поради што и замижувала пред фактот дека тој на големо го крши законот во работењето со медиумите. Дневник потсетува дека и Европската комисија во последниот извештај го констатира постоењето на сопственост на електронски и на пишани медиуми во земјава, како што е случајот со Рамковски, а што е недозволиво според европските медиумски стандарди.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG