Достапни линкови

НАТО и ЕУ треба да знаат каде завршуваат


Вацлав Хавел
Вацлав Хавел

Јасна визија на американската политика за централна и источна Европа. Тоа Вацлав Хавел очекува да го слушне од американскиот потпретседател Џо Бајден за време на неговата утрешна посета на Прага. Поранешниот чешки претседател во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа зборува и за проширувањето на НАТО.

Вацлав Хавел, поранешен дисидент и лидер на револуцијата со која беше соборен комунизмот во Чехословачка, беше клучната фигура и во трасирањето на патот на Чешката Република кон НАТО и Европската Унија. Неодамна тој беше меѓу врвните лидери од Централна и Источна Европа кои испратија писмо до американскиот претседател Барак Обама со барање да не го заборава регионот во неговите напори за подобрување на односите на Вашингтон со Русија. Во врска со сегашната европска турнеја на американскиот потпретседател Џо Бајден, Хавел вели:

,,Може да се очекува дека тој ќе го артикулира, на нов начин, американскиот интерес за регионот и ќе стави јасно до знаење дека некој не ќе може да не турне од сферата на американската визија.,,

Вели Вацлав Хавел во интервјуто дадено за нашите новинари Џереми Бренстен и Кетлин Мур. Потпретседателот Џо Бајден со посетите на Варшава, Букурешт и Прага, според најавите, треба да ги увери сојузниците во Централна и Источна Европа дека со реконфигурацијата на американските планови за ракетниот одбранбен систем не се менува и американскиот интерес за овој дел од светот. Сепак Хавел смета дека е време демократските земји, да покажат поголема решеност да се справат со земјите како Русија, наместо да им даваат, како што вели, специјален третман.
Отсекогаш сум кажувал дека НАТО ако сака добро да функционира, а тоа важи и за Европската унија, тогаш треба да знае каде почнува, каде завршува и каде сака да стигне. Овие организации се дефинирани со заеднички вредности, но и географски...


,,Од Русија доѓаат загрижувачки сигнали. Верувам, а и секогаш тоа го потенцирам дека треба да имаме партнерски односи со Русија врз рамноправна основа. Тука пред се мислам на отвореност и искреност.,,

Според Хавел, партнерството не значи да ги затвораш очите или да не зборуваш за она што не ти се допаѓа, а всушност претставува кршење на фундаменталните, универзални права.

,,Русија не може да се надева дека секогаш ќе биде третирана како хендикепиран партнер чии грешки ќе бидат простувани.,,

Во однос со натамошното ширење на НАТО, Вацлав Хавел смета дека Украина припаѓа на европскиот простор на заеднички вредности. Тоа важи и за Белорусија иако сега таа земја, како што вели, е управувана од диктатор. Според Хавел, посложен е случајот со Грузија, со оглед на нејзината географска положба.

,,Отсекогаш сум кажувал дека НАТО ако сака добро да функционира, а тоа важи и за Европската унија, тогаш треба да знае каде почнува, каде завршува и каде сака да стигне. Овие организации се дефинирани со заеднички вредности, но и географски. Гледано според мапата за мене линијата на двете организации е границата со Русија.,,

Вацлав Хавел додава дека можеби ќе биде побезбедно за Грузија доколку поцврсто се закотви во своето соседство, Азербејџан и Ерменија. Запрашан за ставот на историчарот Тони Џад дека една од големите грешки на Источна Европа е тоа што сонува за Вашингтон како спас од Русија Хавел вели:

,,Вашиот научник многу греши во едно: проширувањето на Европската унија со нови членки ќе беше незамисливо ако тие пред тоа не беа влезени во НАТО. Главниот проблем беше да се зацврсти безбедноста во овој регион, и тоа е она што Алијансата и особено американците, го даваат. Проширувањето на Унијата ќе мораше да почека се додека НАТО не се прошири.,,

Вели поранешниот претседател на Чешка Вацлав Хавел во екслкузивното интервју за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG