Достапни линкови

logo-print

Дебата во Брисел за проширувањето на ЕУ


Денеска во Брисел ќе биде одржана дебатата „Дијалог за прогресот и проспектите на проширувањето на ЕУ“ во организација на Европскиот центар за политики. На дебатата, која ќе ја отвори Евро комесарот за проширување Оли Рен, а излагања ќе имаат и Мајкл Ли, директор на Генералниот директорат за проширување и Бранко Баричевиќ, амбасадор на Хрватска во ЕУ, ќе учествува и македонскиот вице премиер Васко Наумовски. Ќе биде дискутирано за сегашната состојба со проширувањето од аспект на последните извештаи за напредокот, како и за главните предизвици на процесот на проширување.
XS
SM
MD
LG