Достапни линкови

logo-print

Прогноза за времето- сончево, вечер наоблачување


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла, а во вечерните часови во западните делови ќе настапи наоблачување со услови за повремени врнежи од дожд. Утринската температура e меѓу минус еден и шест , а дневната ќе биде од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови ќе има појава на магла. Утринската температура околу четири, а дневната ќе достигне до 16 степени.
XS
SM
MD
LG