Достапни линкови

Готов нацрт договорот за нуклеарната програма на Техеран


Шефот на агенцијата за атомска енергија, Мохамед Елбарадеј изјавил дека на Иран и на трите светски сили ќе им даде првична верзија на договорот за нуклерната програма на Техеран, која треба да ја одобрат до петок .Елбарадеј изјавил дека предложениот договор е многу важен за градење на меѓусебна доверба, со што ќе се надмине долгогодишната криза и ќе отвори простор за преговори. Преговарачи на САД, Франција, Русија и Иран од понеделникот одржуваат разговори на кои се дискутира за деталите за испраќање на ураниум од Иран на збогатување во Русија и Франција. Договорот е за да се осигураат светските сили дека ураниумот нема да се искористи за изработка на тајно нуклерано оружје.
XS
SM
MD
LG