Достапни линкови

Одложено донесувањето закон за гласање во Ирак


Ирачкото национално собрание денеска се согласи да ја одложи до недела дисусијата за законот за спроведување на изборите. Пратениците досега двапати не успеаа да се договорат за гласањето во северниот дел на провинцијата Киркук, богат со нафта регион кој е поделен меѓу ирачките Курди, Арапи и Туркмени. Премиерот Нури ал Малики изјавил дека ова е најсериозен проблем со кој Ирак се соочува во моментот. Претседателот на САД, Барак Обама во вторник побара од Ирак до го донесе законот за да може изборите за се одржат во јануари.
XS
SM
MD
LG