Достапни линкови

logo-print

Конструктивност за името за продолжување на евроинтеграциите


Од прославата на македонските граѓани по позитивниот извештај на ЕК

Од прославата на македонските граѓани по позитивниот извештај на ЕК

Според домашните експерти Македонија мора да покаже конструктивност и добра волја околу решавањето на спорот за името, за да не му се остави простор на Советот на министри да не ни даде датум за преговори со ЕУ.

Изјавите од државното раководство дека земјава се надева дека Европската Унија нема да биде заложник на билатерални проблеми го отворија прашањето, дали ги разбравме пораките на претствниците на мегународната заедница кои говорат во насока на тоа дека треба да го решиме прашањето за разликите околу името со Грција за да си отвориме пат кон ЕУ и НАТО. Според Слободан Чашуле во наредниот период треба да биде воспоставен преговарачки контекст кој ке овозможи да се раздвојат преговорите за членство од разговорите за името, со тоа што ние би прифатиле пристапување кон НАТО и преговори со ЕУ врз онова на промена на референцата БЈРМ, а понатаму би продолжиле во рамки на Обединетите Нации да ги разгледуваме другите аспекти околу тоа дали тоа име да биде за мегународната употреба, дали за целосна употреба:
Она што е битно во овој момент е да не го менуваме Уставот и да со една нова времена номенклатура, значи со ново времено име да го почнеме процесот за пристапување кон Европската Унија и да влеземе во НАТО


,,Она што е битно во овој момент е да не го менуваме Уставот и да со една нова времена номенклатура, значи со ново времено име да го почнеме процесот за пристапување кон Европската Унија и да влеземе во НАТО, што ќе влијае многу позитивно на разговорите со Грција бидејќи ќе се елиминира уцената и диктатот кој досега беше нивното најмоќно оружје. Според тоа трајното решение ќе земе многу време, привременото решение ќе ги олесни процесите на интеграција и во тој поглед, министерот има право."

Со тоа повторно го пролонгираме проблемот, а не го решаваме, вели политикологот Владимир Божиновски:

,,Кога ќе се реши прво дали ние ќе прифатиме и какво име ќе прифатиме, значи компромисно, тука ќе мора да се реши и модалитетот на самата употреба затоа што и тоа е суштината на проблемот. Сега еве повеќе се разговара за употребата на тоа име, отколку за самото име."

Божиновски смета дека доколку покажеме политичка воља и дух дека сакаме да го решиме прашањето за името ќе нема проблеми:
Кога ќе се реши прво дали ние ќе прифатиме и какво име ќе прифатиме, значи компромисно, тука ќе мора да се реши и модалитетот на самата употреба

,,Нас најмалку ни треба тоа да се пролонгира, но што е брзо решавање на спорот? И тоа мислам дека треба да се дефинира. Месец дена не е брзо решавање на спорот туку тоа е нереално очекување. Брзо решавање на спорот е пет-шест месеци итн, каде што ќе има доволно време да се разлгедаат сите опции и нормално каде што ќе има добра воља од двете страни."

Експертите сметаат дека доколку се изјаловат разговорите меѓу Македонија и Грција околу елиминирање на нијансите околу прашањето за името, односно не покажеме добра воља и не излеземе со конструктивни предлози тоа ќе му даде за право на Советот да не ни даде датум за преговори. Тоа според нив значи оти целиот процес ќе задоцни, а земјава не би требало да очекува ништо битно догодина.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG