Достапни линкови

logo-print

Различни оценки за состојбата на медиумите


Македонија е најдобра во регионот во однос на слободата на медиуми, според рангирањето на организацијата ,,Репортери без граници". Од друга страна пак, во извештајот на ЕК земјава доби остри забелешки за состојбата со медиумите.

Состојбата на медиумите и слободата на печатот во земјава за десетина денови доби различни оценки од релевантни меѓународни организации. Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија има остри забелешки на состојбата на медиумите во земјава. Од друга страна, според рангирањето за слобода на медиуми на организацијата Репортери без граници, Македонија е најдобра во регионот. Репортери без граници оценува дека слободата на медиуми во земјава е поголема отколку во Грција, Полска, Франција или Италија. Во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија се забележува на концентрација на сопственоста кај печатените медиуми. Се забележува и поврзаност на електронските медиуми со политички и бизнис групации. Парите од владините
Се води постапка за А1 со ,,Шпиц" и ,,Време", понатаму се води постапка за АБ Телевизија со весникот ,,Вечер". Тоа значи мешање на електронски и печатени медиуми
реклами се значителен извор на приходи за некои медиуми, но нивното трошење не е доволно транспарентно и затоа може да влијае на уредувачката политика на медиумите, се вели во извештајот. По објавувањето на извештајот, македонската јавност стана сведок на нова медиумска војна меѓу можеби двата најмоќни медиумски концерни ВАЦ и групацијата на телевизијата А1. Критиките кои си ги упатуваат се однесуваат пред се на концентрацијата на сопственоста. Според македонските закони, забрането е печатен и електронски медиум да имаат ист сопственик. Јавна тајна е дека одредени луѓе во Македонија поседуваат повеќе медиуми. Сепак, правно гледано како сопственици на медиумите фигурираат други луѓе. Претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски вели дека Советот веќе презел активности за утврдување на сопственоста на одредени медиуми. Стефаноски вели дека Советот ја завршил својата работа. Сега е редот на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Зоран Стефановски, претседател на Советот за радиодифузија
,,Се води постапка за А1 со ,,Шпиц" и ,,Време", понатаму се води постапка за АБ Телевизија со весникот ,,Вечер". Тоа значи мешање на електронски и печатени медиуми."

Директорот на Центарот за развој на медиуми Роберто Беличанец вели дека не е тешко да се утврди фактичкиот сопственик.

,,Ваквиот тип на ,,циркус" работа, имавме на пример каде што шоферите на газдите се ко-сопственици. Значи тоа се такви видливи
Ваквиот тип на ,,циркус" работа, имавме на пример каде што шоферите на газдите се ко-сопственици
,,циркуcи" на изигрување на закон. Многу е лесно доколку се има воља и доколку се активираат институциите, да се докаже."

Тој посочува дека има законски механизми да се исправат неправилностите забележани во извештајот на ЕК, но дека тие не се спроведуваат.

,,Спроведувањето на одредбите против концентрација на сопственоста во медиумите во Македонија ќе се движи со тектонски промени во медиумскиот простор."

Беличанец вели дека политичкото влијание врз медиумите не може потполно да се искорени, зашто го има секаде во светот. Сепак, може да се сведе на прифатливи рамки, вели тој.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG