Достапни линкови

Македонија нема производи за извоз


Колку македонските производи може да ги полнат европските кошници?
Колку македонските производи може да ги полнат европските кошници?

Дефицит во трговската размена останува еден од главните економски проблеми. Според експертите, тоа може да предизвика ослабување на денарот, а единствено решение е зголемување на извозот. За тоа, според нив, потребни се инвестиции и конкурентни производи за извоз.

Македонија нема производи со кои може да се наметне на странските пазари велат дел од експертите. Според последните податоци на заводот за статистика земјава двојно повеќе увезува отколку што извезува, односно трговскиот дефицит изнесува околу една милијарда
Македонија нема некои компаративни предности, природни погодности за да има некој атрактивен производ. Треба да се бори да создаде производи со свој ум. На Македонија и требаат конкурентни производи на европскиот пазар кој се знае какви производи бара
и четиристотини долари. Земјава треба да се труди да создава нови производи, бидејќи освен текстил и метали ние немааме со што друго да конкурираме на странските пазари вели економскиот аналитичар Џевдет Хајредини.

„Македонија нема некои компаративни предности, природни погодности за да има некој атрактивен производ. Треба да се бори да создаде производи со свој ум. На Македонија и требаат конкурентни производи на европскиот пазар кој се знае какви производи бара.“

Оние малку фирми кои веќе ги извезуваат своите производи успеале поради инвентивноста и комуникацијата со други фирми од надвор вели регионалниот претседател на конфедерацијата на работодавачи Миле Чуперески. Нивниот пример треба да го следат и другите додава тој.

„За да имаме поголем извоз ни треба подобро поврзување. Нас ни недостасува имплементација на минимум стандарди за освојување на пазарот и стандарди кои секако влијаат на квалитетот на производот кој би го понудиле на европскиот пазар.“

Потребни се и странски инвестиции во земјава, кои ќе го зголемат извозот. Но за да дојде една интренационална компанија да работи во Македонија треба најпрвин да се решат низа проблеми, а дотогаш ќе тапкаме во место вели Хајредини.
За да имаме поголем извоз ни треба подобро поврзување. Нас ни недостасува имплементација на минимум стандарди


„Ние не успеавме како држава да создадеме поволни услови за инвестирање. Не можеме да создадеме правна стабилна држава, независно судство, функционална администрација.“

Според експертите доколку трговскиот дефицит, остане и понатаму ист може да се наруши и стабилноста на денарот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG