Достапни линкови

Во Бутмир за иднината на БиХ


БиХ - Воената база, Бутмир

БиХ - Воената база, Бутмир

Разговорите со босанските лидери ги водат заменик американскиот државен секретар Џејмс Стајнберг, шефот на шведската дипломатија Карл Билд кој претседава со Европската унија и еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Шефот на Шведската дипломатија Билд изјави дека разговорите се продуктивни и оти Меѓународната Заедница е свесна за разликите кои постојат меѓу лидерите на партиите во Босна. Заменикот држен секретар на Соединетите Држави Џејмс Штајнберг пак рече дека представниците на Соединетите Држави и Европската Унија се решени да направат се што можат со цел Босна да се придвижи напред. Засега, барем според изјавите на лидерите, разликите остануваат. Претседателот на Република Српска Милорад Додик
Барав процедура за евентуален мирен развод во БиХ што е подобро од постојани закани на господин Тихиќ за некаков можен судир

„Имаше различни барања. На пример господин Тихиќ од Странката за Демократска Акција бараше да во Уставот се вгради Институција на Врховен суд што за нас е неприфатливо како што за него е неприфатливо да се вметне правото на ентитетите и народите на референдумот да решаваат за статусот. Или како што барав доплнително да се вгради процедура за евентуален мирен развод во Босна и Херцеговина што е подобро отколку постојано да ги слушаме заканите на господин Тихиќ за некаков можен судир.“

Харис Силајџиќ од Странката за Босна и Херцеговина пак изјави

„Што се однесува до партијата СДА, Босна и Херцеговина, треба да биде држава составена од региони врз економска и комуникациска база. Имаме и свој минимум кој го имавме и за време на пропаднатиот априлски пакет а тоа е дека ке се согласиме ако нема ентитетско гласање“.

Лидерот на Хрватската Демократска Заедница во БиХ изјави дека постои можност да биде донесена декларација за Уставот, како и да бидат договорени прашањата врзани за регулирање на имотот на Босна и Херцеговина. Овие преговори од меѓународната заедница беа оценети како клучен момент за босанските политички лидери да постигнат спогодба која земјата ќе ја насочи кон евроатлантските интеграции.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG