Достапни линкови

Разбиена Балканска Нарко мрежа


Турската полиција открила балканска мрежа за производство и шверц на наркотици, за која се тврди дека располага со лаборатории во Бугарија. Во операцијата за разбивање на мрежата, во која имало и македонски и словенечки државјани, учествувале 500 полицајци од службата за борба против дрога и 250 припадници на жандармеријата. Уапсени се Македонец, Словенец и Турчин. Тројцата се однесени на распит во Истанбул и било утврдено дека едниот од нив располагал со фабрика во Бугарија.
Се смета дека мрежата шверцува наркотици освен во Турција и на Балканот, кон Далечниот Исток.
Во изнајмена фабрика за кисело млеко во турскиот округ Текирдаг групата произведувала суровина за наркотици.
XS
SM
MD
LG