Достапни линкови

logo-print

Џозеф Бајден денеска во Полска


Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска ќе допатува во Варшава, каде што ќе се сретне со полскиот претседател Лех Качински и со премиерот Доналд Туск. По престојот во Полска, Бајден вечер заминува за Букурешт, а неговата турнеја по централна и источна Европа завршува со посетата на Чешка. Целта на средбите со лидерите на трите земји е ублажување на стравувањата во врска со одлуката на Вашингтон да не се гради антиракетен штит во Чешка и во Полска. Според Тони Блинкен, советник на Бајден за национална безбедност, потпретседателот ќе ги увери властите во Варшава и во Прага дека Вашингтон останува силно посветен на ракетната одбрана.
XS
SM
MD
LG