Достапни линкови

Обама бара од Ирак да го донесе законот за избори


Американскиот претседател Барак Обама упати апел до ирачкиот премиер Нури ал Малики парламентот на таа земја да го усвои законот за избори, кој е клучен за одржување на избори во Ирак во јануари. Обама го повторил и ветувањето дека американските војници ќе се повлечат од таа земја до август идната година. Без донесувањето на законот, изборите би можеле да бидат одложени, што би ги загрозило американските планови за значително намалување на военото присуство во Ирак.
XS
SM
MD
LG