Достапни линкови

logo-print

Опозицијата во Романија не го подржува Кроитору за премиер


Романските опозициски партии најавија дека нема да го подржат номинираниот за премиер Лучан Кроитору, туку ќе продолжат да си го подржуваат својот кандидат Клаус Јоханис. Но нивниот кандидат не го подржува претседателот на Романија, Трајан Басеску. Опозицијата минатата недела ја урна владата на Емил Бок. Романија што побргу треба да формира влада, за да може да собере 3, 5 милијарди евра за да го покрие буџетскиот дефицит.
XS
SM
MD
LG