Достапни линкови

Ново јавно претпријатие во Куманово


Куманово

Куманово

„Куманово паркинг“ е новото, петто јавно претпријатие формирано во општина Куманово, кое треба да профункционира од ноември. Претпријатието ќе ја има надлежноста за изградба на нови паркинг простори, осветлувањето во градот и друго.

„Куманово паркинг“ - Куманово е новото, петто јавно претпријатие во најголемата локална самоуправа во државава. Според планот претпријатието ќе профункционира на почетокот на ноември годинава. Во надлежностите на претпријатието „Куманово-паркинг“ ќе биде изградба на паркинг простори во Куманово, јавното осветлување, како и угостителските објекти на новоизграденото шеталиште–Кејот, но и угостителскиот комплекс во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. За регистрација на претпријатието локалната самоуправа со подршка од оптшинскиот Совет издвојува еден и пол милион денари според ставката акции и друг капитал, кои се издвоени од приходите од данокот на купопродажен имот, веќе реализиран во 103 отсто од утврдениот план, објаснува Ирена Илиевска од Секторот за финансии.
Милион и пол денари се вградуваат во претпријатието во програмата за изградба на паркинг простори


,,Милион и пол денари се вградуваат во претпријатието во програмата за изградба на паркинг простори. Овој трошок на приходи од страна се покрива со зголемување на данокот на недвижен имот, односно данок на проценка на промени на недвижнини и права, кој до сега е остварен за 103 отсто во однос на предвидениот план."

Според Илиевска од овој приход се издвојува само еден дел,додека остатокот ќе биде вграден при донесување на наредниот ребаланс на општинскиот буџет планиран за ноември годинава. Претседателот на општинскиот Совет,Виктор Цветковски вели дека наскоро ќе бидат донесени и други одлуки неопходни за профункционирање на претпријатието.
Ќе имаме конципирање на другите органи на ЈП, кое од 1 ноември годинава ќе профункционира


,,Ќе имаме конципирање на другите органи на ЈП, Надзорниот и Управниот одбор, а ќе се донесат и актите на претпријатието, кое од 1 ноември годинава ќе профункционира."

Регистрирање на новото јавно претпријатие е резултат на потребата за надминување на проблемот со паркинг просторите во Куманово, јавното осветлување и угостителските објекти со кои времено стопанисуваа постоечките претпријатија, „Водовод“,„Чистота и зеленило“и „Пазаришта“. Поради нивното оптоварување со проширувањето на дејноста локалната самоуправа пристапи кон формирање ново претпријатие, во кое ќе има и нови вработувања.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG