Достапни линкови

Светските лидери ја поздравија одлуката на Карзаи


Светски лидери денеска ја поздравија брзата одлука на авганистанскиот претседателот Хамид Карзаи за одобрување на вториот круг на избори кои треба да се одржат на 7 ноември Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, вториот круг на избори го нарече "голем предизвик." , и вети техничка помош за изборите. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека тоа е значаен чекор за авганистанскта демократија.И францускиот претседател Никола Саркози ја пофали одлуката за втор изборен круг. Германското Министерство за надворешни работи ги повика оние кои се вклучени во процесот да покажат "одговорност, смиреност и воздржаност".


XS
SM
MD
LG