Достапни линкови

Папандреу: Турција да размисли за своето воено присуство на Кипар


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска ја повика Турција повторно да размисли за своето воено присуство на етнички поделениот Кипар ако сака да и се приклучи на ЕУ.Односите не треба да се засноваат врз воена сила или закани, туку врз европските принципи и заедничките обврски, изјавил Папандреу. Турција и Грција повеќе децении се во затегнати односи поради Кипар. Проблемот со поделбата на Кипар ги загрозуваат напорите на Анкара да стане членка на ЕУ, но ниту Кипар ниту Грција не се против полноправното членство на Турција во Унијата.
XS
SM
MD
LG