Достапни линкови

Говорете македонски


Центарот на Скопје
Центарот на Скопје

Познат е слоганот на медиумската кампања што своевремено се емитуваше на МТВ. Но, колку всушност го негуваме мајчиниот јазик? За жал, во речникот на македонските граѓани многу често среќаваме интернационализми, велат експертите.

„Говорете македонски“ - ова беше медиумската кампања која кон крајот на 90-тите години можеше да се види и слушне на Македонската Радио Телевизија. Потребата да се разбуди свеста кај граѓаните за правилно говорење и изговарање на зборовите на македонски, очигледно не ја постигна посакуваната цел. Фактот што и денес во речникот на македонските граѓани многу често се среќаваат интернационализми доволнo кажува колку не умееме да го негуваме мајчиниот јазик. Во тој контекст, научната јавноста смета дека недоволната промоција на македонскиот јазик надвор од нашите граници е огромен минус:
Македонскиот јазик има граматика, имаме толковен речник, што значи во науката е постигнато многу и би рекол не само во науката за македонскиот јазик, туку и во науката за македонската филологија, за македонската историја


,,Што треба да има еден јазик? Да има граматика? Македонскиот јазик има граматика, имаме толковен речник, што значи во науката е постигнато многу и би рекол не само во науката за македонскиот јазик, туку и во науката за македонската филологија, за македонската историја. Голем број прашања се решени."

Вели Димитар Пандев универзитетски професор. Аспирациите за членство во ЕУ, ја ставаат Македонија во една незавидна ситуација. Доколку станеме членка на европското семејство, ќе се јави потреба од квалификувани кадри за вршење на официјален превод. За жал, ова е област во која државата има дефицит од кадри.

,,Во таа смисла ми се чини минатата година се ,,пушти" една информација дека тие сите јазици од Балканот би ги сместиле под едно, за помалку да плаќаат за преведувачи. Се разбира дека тоа не е прифатливо."

Снежана Велковска од Институтот за македонски јазик. Универзитетскиот професор Тања Каракамишева која е еден од авторите на книгата „Поимник за терминологијата од ЕУ“ оценува дека ниту една досегашна владеачка гарнитура не направила ништо во однос на заштитата на јазикот, во време кога сé почести се нападите од надвор врз јазикот, идентитетот и името на државата.
Колку ние ќе успееме да го заштитиме политички и дипломатски толку ќе успее тој да профункционира во европските институции

,,Тоа е дел од нашиот културен идентитет, колку ние ќе успееме да го заштитиме политички и дипломатски толку ќе успее тој да профункционира во европските институции."

Во делот на Европската унија, терминологијата ќе биде прилично нова, поради тоа е неопходно експертите и лигвистите да направат стратегија со која би се заштитил македонскиот јазик, а со тоа ќе можеме и соодветно да ги преведуваме зборовите.

,,Понекогаш некои работи не се преведливи, меѓутоа има зборови кои апсолутно не се користат, а се убави македонски зборови."

Оценува Лидија Димова од Македонскиот Центар за европско образование.
XS
SM
MD
LG