Достапни линкови

Битола развива туризам


Битола, Широк Сокак

Битола, Широк Сокак

Битола го развива туризмот. Во последно време градот бележи зголемена посетеност од странски туристи од Балканот, Европа, Кина, Австралија, а наскоро се чекаат и Индијци

Битола живна туристички. Во последно време бележи зголемена посетеност од странски туристи од Балканот, Европа, Кина, Австралија, а наскоро се чекаат и Индијци. Тоа се должи пред се на активностите на Туристичко информативниот центар и на неговата соработка со националната Агенција за промоција и подршка на туризмот. Според груби пресметки дури за 30 проценти градот имал повеќе посетители ова лето од ланското.
Влезена е во агендата на поминувањето на сите туроператори кои се носат во земјата. Сега се најавени руски туроператори. Претходно го имавме најдобриот прогласен за 2007 и 2008 индиски туроператор

,,Влезена е во агендата на поминувањето на сите туроператори кои се носат во земјата. Сега се најавени руски туроператори. Претходно го имавме најдобриот прогласен за 2007 и 2008 индиски туоператор. Тој при прошетката на Битола, го најде градот многу атрактивен за нивните луѓе. Рече овој град е жив и има што да се види. Се заинтересира од најосновните базични работи, од тоа како да се дојде до Битола па се до ноќниот живот."

вели Елена Петровска, туризмолог во туристичко-информативниот центар.
Едени од најчестите посетители се Турците кои даоѓаат да ги посетат местата поврзани со Кемал Ататурк и локациите каде се снимаше филмот „Збогум Румелија„. Израелците ги посетуваат еврејските гробишта, странските археолози Хераклеја итн. Сите нив ги привлекуваат:

Офицерскиот Дом во Битола
„Приказни во однос на културното живеење, конзулатите, османлискиот период, адетите, луѓето, заедниците, гробиштата. Германци кога ќе дојдат, прочитале на Интернет дека има германски гробишта и доаѓаат да бараат. Се случува во Битола да доаѓаат луѓе кои барат роднини во еврејските или француските гробишта. Доаѓаат научници, архелолози, архитекти".

објаснува Петровска.
Претежно се работи за индивидуален туризам што подразбира посета на мали групи или индивидуалци кои сами си го одредуваат распоредот на движење. Тоа пред се се транзит туристи, кои остануваат неколку часа до две вечери во градот, а потоа заминуваат да посетат други атрактивни локации од регионот. Оние кои остануваат подолго се заинтересирани и за посета на селата. Но, туризмолозите велат дека не е лесно да се однесат туристи во средини каде што ни еден од мештаните не знае странски јазик, а нема ни асфалтен пат.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG