Достапни линкови

logo-print

Милошевски:ЕУ-интеграциите не треба да бидат заложник на билатералните спорови


Европската интеграција не треба да биде заложник на билатералните спорови, изјавил денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошевски во Стразбург. Тој изјавил дека спорот со Грција за името е важен и дека на тоа се посветува големо внимание, но дека очекува европските вредности да бидат во прв план. Министерот рекол дека како што Словенија и Хрватска водеа дијалог и ги продолжија евроинтегративниот процес, така и Македонија и Грција треба да имаат таков пристап.

XS
SM
MD
LG