Достапни линкови

Закани до студентите да не протестираат


Членови на студентското движење ,,Слободен индекс"

Членови на студентското движење ,,Слободен индекс"

Студентите се жалат дека добиваат притисоци и закани во Студенските домови, за да не излезат на денешниот протест. Протестите, на кое едно од барањата е подобар животен стандард, се во организација на студентското движење ,,Слободен индекс".

Студентите се жалат дека добиваат притисоци и закани во студенските домови, за да не излезат на денешниот протест. Нашата соговорничка се плаши дека ќе го изгуби место во студнскиот дом, па затоа ни зборува анонимно. Студентката се жали дека и се закануваат. Сепак, вели таа, без разлика на се, ќе учествува на протестот, но се плаши што ќе се случи потоа.
Ме барале лично две машки кои не ги знам, и добив анонимен повик, дека немам право да протестирам сега, ама дека во блиска иднина ќе имам за што да протестирам. Незнам што значи тоа


,,Ме барале лично две машки кои не ги знам, и добив анонимен повик, дека немам право да протестирам сега, ама дека во блиска иднина ќе имам за што да протестирам. Незнам што значи тоа."

Таа вели дека животот во студенски дом е тежок. За да можат да студираат и живеат во Скопје студентите се снаоѓаат како можат и умеат.

Последните студентски протести во мај годинава
,,Веројатно егзистенцијата ја гледаат во тоа да продаваат нешто што е домашно производство. Има по Студентските домови да се продава домашна ракија и друго."

Едно од барањата на студентите е подобар животен стандард. Нашата соговорничка смета дека во домовите, студентите живеат без основни хигиенски услови.

,,Sидовите имаат влага, дупки по ѕидовите, што значи дека Студентските домови не се реновирани откога се изградени. Студентската соба има масичка и две столчиња кои што најчесто се искршени и мораш да ги претапацираш со весници или нешто друго. Има еден тоалет за целиот спрат."
Sидовите имаат влага, дупки по ѕидовите, што значи дека Студентските домови не се реновирани откога се изградени


Денешниот протест не го подржуваат кандидатите за студенски лидер. Тие, како и досегашниот претседател на Студенскиот парламент (СПУКМ), сметаат дека сега не е време за протести.

,,Јас мислам дека не е време бидејќи имаме проекти кои што се започнати и што треба да се довршат. Мислам дека во овој момент не е решение да се излезе на улица и да се протестира."

Вели кандидатот за претседател на студенскиот парламент Иван Живковски. Движењето Слободен индекс, со денешниот протест бара подобар студенски стандард, поголем буџет за образованието, укинување на партиципација, бесплатни учебници и нов закон за студентско организирање. Според најавите протестот се одвива пред универзитетскиот кампус во Скопје, а потоа пред Владата. Организаторите велат дека ќе побараат средба со ресорните министри.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG