Достапни линкови

Македонија на 34 место по слободата на печатот во светот


Македонија се најде на 34 место во најновиот Индекс за слобода на печатот што го издава организацијата Репортери без граници. Оваа организација секоја година, врз основа на прашалници кои ги пополнуваат стотици новинари и медиумски експерти од целиот свет го мери нивото на слободата на печатот во 175 земји. Индексот се однесува на прекршување на слободата на печатот меѓу септември 2008 и август 2009 година. Од регионот, Грција е на 35 место, Босна и Херцеговина на 65, Косово на 75, Хрватска на 78, Албанија на 88 место. На првото место е Данска, а на последното Еритреа. Македонија во индексот за минатата година беше на 42 место.
XS
SM
MD
LG