Достапни линкови

Песимизам на разговорите за иднината на БиХ


Еврокомесарот Рен и премиерот на Бих Шпириќ

Еврокомесарот Рен и премиерот на Бих Шпириќ

Во воената база во Бутмир кај Сараево продолжија разговорите на претставниците на САД и ЕУ со лидерите на водечките политички партии во Босна и Херцеговина. Премиерот на Република Српска Милорад Додик веќе најави дека нема да го прифати понудениот пакет од кој не се задоволни и другите босански лидери.

Разговорите со босанските лидери ги водат заменик американскиот државен секретар Џејмс Стајнберг, шефот на шведската дипломатија Карл Билд кој претседава со Европската унија и еврокомесарот за проширување Оли Рен. Нивните експертски тимови во минатата недела водеа интензивни разговори со лидерите кои учествуваат на преговорите што стартуваа на 9 октомври. Овие преговори од меѓународната заедница беа оценети како клучен момент за босанските политички лидери да постигнат спогодба која земјата ќе ја насочи кон евроатлантските интеграции. Премиерот на Република Српска Милорад Додик веќе најави дека нема да го прифати понудениот пакет решенија. Според него, наивни се очекувањата дека босанските срби ќе прифатат драматична промена на Дејтонскиот договор.

,,Затоа немавме дилема и не се двоумевме тоа да го одбиеме и едноставно да кажеме дека станува за непристојна понуда која би
Мислам дека амбиците што ги покажаа преговорачите, пред се Америка и Европската унија, драматично да го променат Дејтонскиот мировен договор апсолутно не се во корист на долгорочната стабилност во земјата..
можела подоцна да ја драматизира ситуацијата во Босна и Херцеговина.,,

Изјави Додик, потсетувајќи дека меѓународната заедница досега инсистирала разговорите за уставните промени во Босна и Херцеговина да ги водат исклучиво домашните политичари.

,,Мислам дека амбиците што ги покажаа преговорачите, пред се Америка и Европската унија, драматично да го променат Дејтонскиот мировен договор апсолутно не се во корист на долгорочната стабилност во земјата.,,

Додик вели дека невозможно е да се бараат компромисни решенија во ситуација во која, како што изјави се и се одзема на Република Српска. Според него, во пакетот не требаше да се задира во надлежностите на парламентот, претседателството и Советот на министри на Босна и Херцеговина. Сепак, тој порача дека српските претставници остануваат приврзани на секаков разговор за иднината на земјата. И другите босански политички лидери не се задоволни од предлозите на меѓународните претставници со образложение дека тие не се во согласност со барањата на нивните ентитети. На бошњаците им пречи задржувањето на ентитетското гласање, а хрватите велат дека измените се под нивото што им се потребни. Инаку, пред продолжувањето на преговорите во Бутмир, еврокомесарот Оли Рен изјави дека Европската унија и Соединетите држави сакаат реформи во босанскиот Устав со цел да се подобри процесот на решавање во Босна и Херцеговина.

,,Структурата на земјата мора да биде силна за да може да ги исполни сите оние барања што стојат пред неа на патот за членство во Унијата и во НАТО. Политичките лидери во оваа земја навистина овој пат би требало да дадат се од себе тоа и да успее.,,

Изјави во Сараево еврокомесарот Оли Рен.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG