Достапни линкови

logo-print

За половина година 408 милиони евра дефицит


Фабрички погон

Фабрички погон

Дефицитот на тековната сметка останува најголем проблем на македонската економија, согласни се експертите. Според нив, единствен начин за негово финансирање се нови задолжувања или „топење“ на државните резерви

Дефицитот на тековната сметка односно парите кои ги должи земјава во странство само покажува дека економијата сеуште не е стабилна велат експертите. Според извештајот на Народна банка Македонија за првите шест месеци од годинава е во минус од 408 милиони евра. Гувернерот на банката Петар Гошев изјави дека тоа е најболната точка на домашната економија. Додека пак Министерот за финансии Зоран Ставревски дека дефицитот ќе се намали и дека тие ќе имаат средства да ја покријат дупката. Дефицитот ја покажува ранливоста, која сеуште постои во нашата економија и грчот во кој се наоѓаат претпријатијата поради намалената работа вели Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.

Министерот за финансии Зоран Ставревски
„Самата структура на дефицитот на тековната сметка укажува на намален извоз, но и намален увоз споредено со истите податоци од
Единствен начин на кој Република Македонија може да го финансира дефицитот на тековната сметка е или преку нови задолжувања, што се случи во последните три години или намалување на девизните резерви на државата, што е факт дека се случи во последните неколку месеци.
лани. Се ова укажува на лошата ситуација во која се наоѓаат нашите претпријатија и неминовноста од преземање мерки за излез од кризата во којашто се наоѓаат.“

Загрижувачки е фактот што дефицитот на тековната сметка драстично се зголеми оваа година. Единствено што може да преземе земјава е или повторно да се задолжи, или да ги намали девизните резерви вели економскиот аналитичар Ден Дончев:

„Единствен начин на кој Република Македонија може да го финансира дефицитот на тековната сметка е или преку нови задолжувања, што се случи во последните три години или намалување на девизните резерви на државата, што е факт дека се случи во последните неколку месеци.“

Она што треба да се направи е да им се дадат пари на нашите претпријатија, бидејќи доколку не добијат кредит дел од нив ќе го затворат бизнисот вели Хаџимустафа.

„Што е можно побргу да се даде пристап до финансиски средства коишто тие ќе може да ги искористат за финансирање на своите активности и создавање залихи, коишто ќе значат извоз во периодот кога самите развиени земји ќе излезат од кризата и ќе побаруваат од нас одредени количини производи. Треба сега да се подготвуваме за моментот кога веднаш ќе настапиме на пазарот и ќе можеме да извезуваме, а со тоа ќе ја подобриме и состојбата со дефицитот на тековната сметка.“

Еспертите сметаат дека проблем е и високиот трговски дефицит, односно дека и понатаму земјава двојно повеќе остварува увоз, отколку извоз во странство.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG