Достапни линкови

Авганистан пред втор круг претседателски избори?


Ривалот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, поранешниот шеф на дипломатијата Абдула Абдула изјави дека е подготвен на втор круг претседателски избори, но и оти е отворен за други предлози за да се реши политичката криза во земјата. Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун примил уверување од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи дека целосно ќе го почитува уставниот процес дури и во случај тоа да значи втор круг на претседателските избори. До ова дојде откако комисијата на Обединетите нации отфрли, како неважечки, голем број од гласовите за Карзаи на изборите што се одржаа во август.
XS
SM
MD
LG