Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма


Денеска во Виена продолжуваат разговорите меѓу Иран и светските сили за иранската нуклеарна програма. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мухамад ел Барадеи вчерашниот прв ден на дијалогот го оцени како добар почеток. Агенцијата Асошитед прес пак, цитирајќи дипломатски извори, јави дека двете страни останале на нивните претходни позиции. Винеските разговори треба да резултираат со детали околу можноста збогатувањето на ураниумот за иранската нуклеарка да се врши во странство, а не во Иран.
XS
SM
MD
LG