Достапни линкови

Чешка сака Македонија да добие датум за преговори со ЕУ


Чешка ја поддржува Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ. Ова го изјави чешкиот заменик министер за надворешни работи Томаш Појар на отворањето на новите простории на македонската амбасада во Прага. Појар рече дека Чешка би била задоволна кога би се одредил конкретен датум за преговорите. Во врска со либерализацијата на визниот режим за Македонија, Појар изрази надеж дека македонските граѓани ќе можат без визи да патуваат во земјите членки на Шенген зоната од 1 јануари 2010 година.
XS
SM
MD
LG