Достапни линкови

Кразаи се согласува на втор круг претседателски избори


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, како што е соопштено од неговиот кабинет, примил уверување од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи дека целосно ќе го почитува уставниот процес дури и во случај тоа да значи втор круг на претседателските избори. До ова дојде откако комисијата на Обединетите нации отфрли, како неважечки, голем број од гласовите за Карзаи на изборите што се одржаа во август. Негов ривал на евентуалниот втор круг би бил поранешниот шеф на дипломатијата Абдула Абдула.
XS
SM
MD
LG