Достапни линкови

Студентски протести


Студенти од движењето ,,Слободен индекс"
Студенти од движењето ,,Слободен индекс"

Незадоволни од своите права, утре студентите ќе излезат на протест за да го искажат своето незадоволство. Тие бараат укинување на партиципацијата во државната квота, бесплатни учебници, реформи и нов закон за студентски организации.

Поголем буџет за високото образование, студентите да не плаќааат партиципација во државна квота и да се намали цената на приватната. Постипломците да ги добијат своите стипендии. Унапредување на автономијата на универзитетите, правилно спроведување на Болоњскиот систем, бесплатни учебници, реформи, нов закон за студенски организации. Ова се дел од барањата на студенското движење „Слободен индекс“ кои утре ќе ги искажат на протести пред Ректоратот и Владата.

,,Хигиенските стандарди во студентските домови да се подобрат, драстично. Бесплатни учебници, реформи и спроведување на
Хигиенските стандарди во студентските домови да се подобрат, драстично. Бесплатни учебници, реформи и спроведување на планираните реформи
планираните реформи. Изборите за студентски Парламент не се демократски, ниту се транспарентни, оттаму тие се нелегитимни. "

Вели еден од членовите на „Слободен Индекс“ студентот Богољуб Павловски.
Голем дел се се незадоволни од високото образование па денеска ќе присусутвуваат на протестот.

,,Сите овие работи што ги споменаа се основни права кои што ни се ускратени."

,,Со задоволство ќе присуствувам на утрешниот протест."

,,Никој не се грижи за нас, секој се грижи само за себе."

Студентката на правниот факултет, Наталија Крстова вели дека „Слободен индекс“ однапред се оградува од партиски етикетирања.
Со задоволство ќе присуствувам на утрешниот протест


,,И доколку на протестот се појават какви било провокации од типот на вадење партиски знамиња тие ќе се смета дека не се дел од ,,Слободен Индекст" и не се во интерес на барањата за кои што ние сме дојдени овде."

Студентката Тања Стојановска се жали дека врз нив се правени притисоци да го откажат протестот.

,,Затоа што во Студентските домови имаше голем број на притисоци на личности кои што доаѓаа со идентификации од УКИМ и се закануваат посебно на активистите."

Ова е втор протест, студентите со истиве барања протестираа и пред неколку месеци пред ректоратот, надлежните институции им ветија исполнување само на дел од барањата, но од „Слободен индекс“ велат ништо не се исполни па затоа повторно ќе протестираат се додека некој не го слушне нивниот глас.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG