Достапни линкови

Грција и Кипар ја подржуваат Турција за членство во ЕУ


Грција и Кипар денеска изјавија дека ја подржуваат кандидатурата на Турција за членство во ЕУ и очекуваат да се стави крај на десетгодишната поделба на Кипар. Поделбата на островот е една од главните пречки за членството на Турција во ЕУ и извор на конфликти меѓу Турција и Грција. Тоа е прашање кое можеме или да го решиме и на тој начин да се обединиме, или да останеме разделени, изјавил новиот грчки премиер Јоргос Папандреу.


XS
SM
MD
LG