Достапни линкови

Од транзит, земја со внатрешна трговија на луѓе


Скопје

Скопје

Од земја на транзит до пред неколку години, денеска Македонија е земја во која се одвива внатрешна трговија со луѓе. Движењето се одвива претежно во правец од Источниот и од Централниот дел на земјата кон Западниот.

Од земја на транзит до пред неколку години, денеска Македонија е земја во која се одвива внатрешна трговија со луѓе. Движењето се одвива претежно во правец од Источниот и од Централниот дел на земјата кон Западниот. Тендецијата на овој вид криминал е да се зголемува, во Македонија за тоа има и одредени погодни предуслови.
Прв услов е местоположбата, второ е да одредени граѓани наши, се вклучени во организираниот криминал со трговија со луѓе и трето најважен е менталитетот на луѓето, лесната подмитливост


,,Прв услов е местоположбата, второ е да одредени граѓани наши, се вклучени во организираниот криминал со трговија со луѓе и трето најважен е менталитетот на луѓето, лесната подмитливост, односно социјалната структура која што не овозможува перспектива во државата и на таков начин се доаѓа до вклучување во вакви активности."

вели професорот Стефан Буџаковски. Повеќето од жртвите на трговијата со луѓе се малолетни деца од кои најмладите имаат не повеќе од 13 години. Во овој криминал влегуваат така што им се ветува работа во кафулиња и висока заработка. Накоро стануваат принудени на проституција. Маја Варошлија од невладината организација Отвора Порта вели дека според нивнотот искуството доминантна причина за развојот на овој вид криминал е социјалната положба.

,,Повеќето од нив, можам да кажам и 90% од нив потекнуваат од многу сиромашни семејства, од ризични средини, од рурални средини, немаат завршено ниту основно образование, повеќето од нив се од дисфункционални семејства, односно семејства со еден родител."

Душко Миновски од министерството за труд и социјална политика вели дека соочувањето со проблемот и координацијата на
Повеќето од нив, можам да кажам и 90% од нив потекнуваат од многу сиромашни семејства, од ризични средини, од рурални средини
надлежните инсттитуции и на невладините организации во борбата против трговијата со луѓе во земјава дава резултати.

,,На крајот на краиштата веднаш се покренува одговорност и кон семејствата. Така што имаме некаков степен, ако не можеби на намалување, барем на задржување на она постоечко ниво од претходно."

На планот на успешноста во сузбивањето на овој тип на криминал професорот Буџаковски препорачува постојани дообуки и професионализација на соодветните служби во министерството за внатрешни работи зошто како што вели овие нови типови на криминал бараат и усвојување на нови начини на справување со него. На планот на реинтеграцијата на жртвите, резултатите се неизвесни. Она што со жѓртвите прави невладината организација Отворена Порта е тие да го довршат на образованието, да се оспособат за некаков занает или со мала финансиска помош да отпочнат со приватна работа.
XS
SM
MD
LG