Достапни линкови

Студентски избори


Од мајските студентски протести
Од мајските студентски протести

Студентите в среда избираат нов студентски лидер. Кандидатите велат дека од врата до врата ги запознаваат студентите со програмата. Студентите пак, велат дека нема „фајде“ од изборите и дека нема да гласаат.

Во среда студентите ќе избираат нов студентски лидер. Студентите се жалат дека не се информирани кога ќе има студенстки избори ниту кои се кандидатите за студентски лидери. Битка за студентски лидер годинава ќе ја водат сегашниот претседател на Сојузот на
Знам дека некој Медо само изгледа од ВМРО и некој од СДСМ. Не планирам да гласам, пак ќе изберат партиски
студенти на Правниот факултет Иван Живковски-Медо, и студент на Економскиот факултет, Иван Саздовски . Студентите велат дека не знаат ништо за програмите на кандидатите..

„Знаете ли кој се кандидираше за тие избори?“
„Знам дека некој Медо само изгледа од ВМРО и некој од СДСМ. Не планирам да гласам, пак ќе изберат партиски.“
„Не планирам да гласам, не ги знам кандидатите.“
„Не планирам да гласам, немам никаква корист од тоа.“
„Студентите немаат никаква корист од тоа.“
Не планирам да гласам, не ги знам кандидатите


Студентските кандидати за лидери велат дека својата програма им ја презентираат на студентите од врата на врата по студентските домови. Кандидатот Иван живковски вели дека излезеноста на студентските избори е во опаѓање.

„Затоа што во минатото се свесни дека имало многу бучни студентски избори. Значи, кршење на кутии, киднапирање, мешање на политика и едноставно на студентите им е одмилено да излегуваат на избори.“
Не планирам да гласам, немам никаква корист од тоа.


Неговиот противкандидат Иван Саздовски се надева на фер и демократски избори.

„Во тек е посета и од моја страна и од против кандидатот.“

Двајцата кандидати настапуваат со слична програма - Подобрување на студенскиот стандард, подобри услови во студенските домови,изградба на нов студенски дом, бесплатни учебници, културни и спортски активности.Својата програма и двајцата кандидати планираат да ја реализираат на институционално ниво, како што велат, со лобирање.

Студентското движење „Слободен индекс“, најавува дека, во вторник, ќе протестираат пред Владата. Тие бараат поголем буџет за високото образование и нов закон за студентското организирање. Во „Слободен индекс“ велат дека ќе ги игнорираат студенстките избори затоа што не го признаваат легимитетот на студентскиот парламент каков што е во моментов.

Разултатите од интерната анкета, што членовите на движењето „Слободен индекс“, ја спровеле меѓу студентите, покажуваат дека голем дел од нив не знаат како се избираат членовите на Студентскиот парламент. 80 отсто од анкетираните, иронично одговориле дека членовите на универзитетскиот парлмент ги назначува лично Чак Норис.

Кандидатите не ги подржуваат протестите. Тие, како и досегашниот претседател на СПУКМ, сметаат дека сега не е време за протести, затоа што нивните проблеми можат да се решат во институциите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG