Достапни линкови

logo-print

Иран смета дека пакистански агенти се вмешани во вчерашниот инцидент


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека пакистански агенти се вмешани во вчерашниот напад врз припадници на Иранската Револуционерна Гарда, при што загинаа 42 лица. Ахмадинеџат побара од Пакистан да ги уапси организаторите на тој терористички акт. Пакистан демантира каква било вмешаност во инцидентот. Инаку, одговорноста за нападот, што се случи во југо-источниот дел на Иран, ја превзеде една локална сунитска бунтовничка група.
XS
SM
MD
LG